• петок, 22 ноември 2024

ВМРО-НП: Не можеме да ја прифатиме комплетната негација на Коридорот 8

ВМРО-НП: Не можеме да ја прифатиме комплетната негација на Коридорот 8

Скопје, 5 август 2024

ВМРО-Народна партија ја следи дискусијата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во однос на Коридорот 8 и во тој контекст сака да го каже својот следен став.

Коридорот 8, односно поврзувањето на Северна Македонија железнички и комплетно инфраструктурно на правецот Албанија – Бугарија е стратешко определување на независна Македонија од самиот почеток на демократизацијата и нејзиното создавање.

Главен политички носител на тој Коридор беше токму партијата ВМРО-ДПМНЕ со својот потпис во 2002 година.

Завршувањето на Коридорот 8 ќе значи комплетирање на вистинската тежина од геостратешка важност на нашата држава.
Во исто време тоа е невидена можност за економски развој на државата затоа што тој не претставува само економско поврзување со Бугарија туку поврзување и со Турција како и целиот Блиски Исток, поврзување со Романија, Украина како и целиот постсоветски простор.

Од исток пак не претставува поврзување само со Албанија туку тоа е најкраткиот пат до цела Јужна Европа и Северна Африка.

ВМРО-Народна партија жали што  денешните „раководители“ на Македонија поради својата младост не памтат дека Македонија во раните 90-ти беше жртва токму на ембаргото кое го доживеавме на коридорот „Север – Југ“ и дека во тој момент бевме спасени како држава благодарејќи на коридорот „Исток – Запад“.

ВМРО-Народна партија одтука смета дека политичкото откажување од овој проект е еднакво на диверзија на самостојноста на македонската држава.

Што се однесува до техничко – финансискиот дел на забелешките на актуелната Влада, сметаме дека сигурно постои простор за да се подобри самата траса која впрочем е менувана неколку пати, а исто така и да се скратат финансиите кои ќе бидат потрошени за доизградба на железницата.

Сите позитивни промени во тој техничко – финансиски аспект од страна на ВМРО-Народна партија ќе бидат поздравени но во никој случај не можеме да ја прифатиме комплетната негација на Коридорот 8.

 

  Центар за комуникации на ВМРО-Народна партија

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

 

Остани поврзан