• вторник, 02 јули 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов три месеци пред избори ветува проекти

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов три месеци пред избори ветува проекти

 Скопје, 23 јуни 2021 

Мрзеливиот Шилегов 3 месеци пред избори ветува проекти, а 4 години со прст нема мрднато.

Шилегов ветуваше и тунел под Кале, па завршивме само со ѓубре под Кале.

4 години се фали дека ќе направи продолжување на булевар Илинден со мост преку Вардар кон Ѓорче Петров, а од тоа нема ништо, покрај Вардар се само дивите депонии како Вардариште кои Шилегов никако да ги исчисти.

Шилегов вети многу, а не направи ништо. Тој ќе остане запаметен како најмрзеливиот градоначалник на Скопје, без ниту еден капитален проект.

4 години единствена преокупација на Шилегов му се матните зделки со градски пари.

Да ставиме крај на поделбите на СДСМ. Македонија за сите луѓе!

Со почит, 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ __________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки
   

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан