ВМРО-ДПМНЕ: Николовски да не манипулира граѓаните ги видоа „реформите“ од СДС и ДУИ
- Љупчо Николовски упорно секој викенд согласно агендата на Венко Филипче пишува објави по социјални мрежи обидувајќи се да наметне дека во неговото време во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство течело мед и млеко, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на денешните ставови на Николовски искажани на Фејсбук, што МИА ја пренесува интегрално.
Скопје, 21 септември 2025
Љупчо Николовски упорно секој викенд согласно агендата на Венко Филипче пишува објави по социјални мрежи обидувајќи се да наметне дека во неговото време во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство течело мед и млеко, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на денешните ставови на Николовски искажани на Фејсбук, што МИА ја пренесува интегрално.
Овој пат неспособниот Николовски смогна сили да пишува и за реформите во шумарство.
Но, еве да го потсетиме Николовски за Законот за шуми за којшто имаше бројни критики и коментари од врвни експерти во областа. Во изминативе 10 месеци е истиот тој закон кој што се преработи сега откако Владата ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, се усогласи со европските регулативи кои претставуваат современи стандарди во областа на шумарството.
Новиот предлог текст е поставен на ЕНЕР. Закажана е јавна расправа по истиот на 15 октомври.
Да го потсетиме Николовски дека додека беше министер "реформите" кои ги предводеше не беа опфатени сите учесници кои вршат промет со дрвна маса, поточно беше ставен селективен таргет само на Национални шуми, а тие како единка се само сегмент од целиот процес.
Самиот термин „реформи во шумарството“, Николовски треба да е запознаен дека подразбира целосна реформа на секторот шумарство со единствена примарна цел да се стави контрола на заштита на шумите од секој аспект пожари, дрвократство, заштита на биодиверзитет, пошумување и сл..
За период август 2024 - април 2025 над 106.000 хектари шуми управувани од државата се сертифицирани, што означува значајна пресвртница во усогласувањето на шумските практики со глобалните стандарди за одржливост.
PEFC интернационално ја препознава важноста на развојот на македонскиот систем за сертификација на шуми, со што Македонија постигна PEFC признавање на својата национална сертификација на шуми. Да потсетиме дека до август 2024 година воопшто не беше почнат процесот за инвентаризација и сертификација на овие површини. За период од 9 месеци поточно од август 2024 година до април 2025 година се заврши процесот на инвентаризација и сертификација.
Софтверското решение за Шумарскиот информативен систем не беше концепирано и немаше подготвен предлог за негово имплементирање.
Колку за информација, изминатите месеци се работеше на воведување и приспособување на нови бази на податоци и воспоставување нов (веб-базиран) Интегриран информациски систем за шуми (ИФИС), како и изградба на технички капацитети за негово користење – како предуслов за ефикасно управување со шумите и спречување на нелегалната сеча односно изработка Софтверско решение за воспоставување на IFIS.
Исто така, ЈП Национални шуми се во завршна фаза на спроведување на јaвната набавка за техничко опремување со потребните технички средства за издавање на електронска испратница и ставање во функција на IFIS –от;
Проектот за шумарство успешно беше затворен на 24 јуни 2025.
Реформите во шумарскиот сектор успешно се реализираат, а за истите за многу брзо време ќе биде запознаена пошироката јавност.
Сите лаги на СДС се распаѓаат како кула од карти.
Љупчо Николовски треба да знае дека политички поени преку манипулација на граѓани нема да добие. Граѓаните одамна ја прочитаа неспособноста на СДС, затоа добија црвен картон на парламентарни избори. Црвениот картон ќе им се случи и сега на локалните избори.
Николовски и Филипче нека си ги спакуваат коферите за длабока политичка пензија.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Фото: МИА архива