• петок, 22 ноември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Време е за оставка на Заев

ВМРО-ДПМНЕ: Време е за оставка на Заев
Скопје, 23 јуни 2021  На народот му е преку глава од глупостите и лагите на Заев, Македонија со него само губи, време е за оставка. Зоран Заев пред 2 години нè убедуваше дека ги затворил сите отворени прашања со соседите, а сега кажува дека проблем се корењата. Кога Заев нè лажел тогаш или сега? Заев тврдеше дека договорот со Бугарија е најдобар, а сега гледаме дека сака да прави нов, кој ги негира јазикот, идентитетот и историјата на Македонија. Зоран Заев работи лошо и на штета на народот. Заев кажа дека ќе ја воведе таканаречената зелена такса која ќе значи покачување на цената на горивата за нови 4.13 денари. Зголемувањето на цената на горивата ќе значи зголемување на цените на цела низа производи во чие производство се користат горивата, ќе се зголеми цената и на транспортните услуги и трошоците на земјоделците. Заев ќе собере 54 милиони евра годишно од зелената такса, а ќе остави илјадници семејства со проблеми во егзистенцијата. Време е да им ставиме крај на поделбите на Заев и СДСМ, на граѓани од прв и втор ред. Македонија за сите луѓе! Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ __________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан