• недела, 22 декември 2024

ВМРО-БНД ќе има тројца лидери

ВМРО-БНД ќе има тројца лидери
Софија, 12 февруари 2022 (МИА) - Во Софија денеска се одржа вонреден конгрес на ВМРО - Бугарското национално движење, јави дописникот на МИА од Софија. Вонредниот конгрес беше одржан поради изборните резултати на ВМРО на парламентарните и претседателските избори во Бугарија, што се одржаа на 14 ноември, кога освои малку повеже од еден процент од гласовите. Со 303 гласа „за“, без „против“ и воздржани беше разрешен Красимир Каракачанов и беа избрани тројца копретседатели Ангел Џамбазки, Искрен Веселинов и Александар Сиди. Каракачанов откако 25 години ја водеше партијата прогласен е за почесен претседател на ВМРО. нк/

Тагови

Остани поврзан