• петок, 22 ноември 2024

ВЛЕН: Секојдневно се разоткриваат лагите на ДУИ

ВЛЕН: Секојдневно се разоткриваат лагите на ДУИ

Скопје, 13 ноември 2024

Секојдневно, една по една се рушат лагите на ДУИ! Оваа партија 22 години владеше замајувајќи ја јавноста  со лаги и дезинформации, а истото го прават и од улога на опозиција.

Последен е обидот да се збунат граѓаните на Сарај со тврдењето дека бројот на албански советници во Општина Сарај ќе се намали врз основа на пописот од 2021 година – закон за кој тие самите гласаа. ВЛЕН го демантира в.д. градоначалникот на Сарај, Илас Весели, и неговиот 
диригент Блерим „Ќосето“ Беџети за објавената лага дека ќе се намали бројот на советници во Општина Сарај, според кои општината во моментов има 23 советници, а со следните измени ќе има 19 советници. Ова е невистина и целосна лага.

Тоа го демантираме преку следните факти: Општина Сарај имаше 19 советници и со последната одлука на Владата повторно ќе има 19 советници.

Имињата на актуелните советници во Општина Сарај се објавени на официјалната страница на општината, можете да ги видите и проверите. Има 19 советници со име и презиме, и затоа не знаеме каде се денес тие четворица колеги советници на Весели, кои според него се 23.
Затоа, ВЛЕН бара Блерим Ќосето Беџети, заедно со неговиот наследник, да сведочат и да ги откријат имињата на 23-те наводни советници. 

Појаснуваме дека нивните лични советници не можат да бидат вклучени во списокот на општински советници.

Потсетуваме, пописот на населението се спроведе во време кога ДУИ беше на власт, па затоа немаат право да се жалат на евентуалните последици од пописот, бидејќи кога требаше да се зборува, тие избраа да молчат. Ова незнаење досега е невидено, всушност, го открива незнаењето на оние кои се плашат од вистината за сопствената безвредност.

Ја потсетуваме јавноста дека другата лага што се разоткри е тврдењето на ДУИ дека Коридорот 8 нема да се гради. И овој коридор ќе биде направен, а е приоритет над приоритетите на коалицијата ВЛЕН и нашата Влада. 

Апелираме до ДУИ да најде покреативни форми за водење политика, а не со лаги и клевети.
Лагата има рок на траење се додека може да се одбрани од лажговците, додека имаат власт, а лагите и манипулациите завршија со доаѓањето на Коалицијата ВЛЕН на власт и ќе ги разоткриеме сите лаги што ДУИ сака да ги пренесе во јавноста.

На ВЛЕН му треба конструктивна опозиција, а не опозиција која само се обидува да создаде магла и конфузија. ВЛЕН е гаранцијата на Албанците!

 

ВЛЕН

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан