• вторник, 26 ноември 2024

Владите на Северна Македонија и Србија постигнаа договор за донација на 40.000 вакцини „Спутник В“

Владите на Северна Македонија и Србија постигнаа договор за донација на 40.000 вакцини „Спутник В“
Скопје, 1 април 2021 (МИА) - Владите на Северна Македонија и на Србија постигнаа договор за донација на 40.000 вакцини „Спутник В“, од кои првата количина од 20.000 дози од компонентата 1 пристигна денеска, соопшти владината прес-служба.
-Владата на Република Северна Македонија на денешната 60-та седница ја разгледа и ја усвои Информацијата за донација од Република Србија на 40.000 дози „Спутник В“ вакцини против Ковид-19 и го прифати текстот на Договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Србија за соработка во областа на здравството за имунизација на населението против Ковид-19, стои во соопштението.
Останатите 20.000 дози од компонента 2 ќе пристигнат во наредниот период, додаваат од владината прес-служба. нд/ац/

Остани поврзан