• понеделник, 25 ноември 2024

Владата ја усвои информацијата на Министерството за здравство за активностите за случајот „Клиника Жан Митрев“

Владата ја усвои информацијата на Министерството за здравство за активностите за случајот „Клиника Жан Митрев“
Скопје, 20 јули 2022(МИА) - Владата денеска ја разгледа и усвои „Информација на Министерството за здравство за преземените активности во врска со сторијата на Истражувачката лабораторија, емитувана на програмата на Националната телевизија на ден 17 јули 2022 година“, соопштуваат од Владата.
Според Информацијата, на 18 јули 2022 година (понеделник) доставена е ургенција до Лекарската Комора по однос на доставеното барање да се изврши стручен надзор за лекувањето на пациентот Никола Брезев (како дел од сторијата) од ден 27 септември 2021год., а врз основа на доставената иницијатива за стручен надзор од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ).
Министерството за здравство ја информирало Владата дека било побарано од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) да изврши вонреден инспекциски надзор во ПЗУ „Клиничка болница Жан Митрев“,Скопје во однос на спроведувањето на одредбите од задолжителното пријавување на интрахоспиталните инфекции како и примената на одредбите од Законот за евиденции во областа на здравството како и комплетен инспекциски надзор согласно законските овластувања на инспекторатот. Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат бил побаран и извештај за спроведените редовни и вонредни инспекциски надзори во приватните болници во Република Северна Македонија за период 2019год. до јули 2022 год.-Од Агенцијата за лекови и медициски средства МАЛМЕД како надлежна иснтитуција согласно Законот за лекови и медицински средства за постапката за спроведување на клинички испитувања за лекови/медицински средства, беше побарано да се направи инспекциски надзор по однос на почитување на одредбите од Законот за спроведување на клиничките испитувања за примената на  хемофилтрацијата при третман на КОВИД-19 пациенти, известуваат од Владата.
Оттаму информираат дека на 19 јули 2022 година ДСЗИ го доставил  извештајот за спроведените редовни и вонредни инспекциски надзори во приватните болници за период 2019 до јули 2022 година,според кој во тековниот период направени биле 45 редовни и 52 вонредни инспекциски надзори во вкупно 12 приватни болници во државата при што биле издадени 11 решенија за констатирани недостатоци во надлежност на инспекторатот.-На ден 20 јули 2022 година формирана е комисија за вршење на стручен надзор, а во врска со примената на методот на хемофилтрација при лекувањето на пациентите со КОВИД-19 во Приватната здравствена установа „Клиничка болница Жан Митрев“, Скопје. Во следниот период Министерството за здравство ќе направи анализа на добиените извештаи по која  ќе бидат преземени сите потребни мерки и активности согласно законските овластувања, соопштуваат од Владата.ир/цр

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан