• понеделник, 23 декември 2024

Владата преку кампања ќе ја подигнува свеста за потребата од вакцинација

Владата преку кампања ќе ја подигнува свеста за потребата од вакцинација
Скопје, 14 април 2021 (МИА) – Владата планира преку кампањи да ја подигнува свеста на граѓаните за потребата од имунизација, изјави министерот за здравство Венко Филипче, кој информира дека досега на веб страницата за вакцинација се пријавиле околу 140.000 лица. Министерот очекува сликата за нашата држава дека има мал број вакцинирани и малку заинтересирани за вакцинација, да почне да се менува со доаѓањето на новите пратки вакцини. - Планираме да почнеме со кампањи. Дел од нив се подготвени, другите се подготвуваат. Повторно ја користам оваа можност да апелирам до сите граѓани да се пријават на веб-страницата „вакцинација.мк“. За неколку дена ќе има надградување на системот, во однос на добивање известување преку СМС-порака откако граѓаните ќе се пријават и на истиот начин ќе бидат информирани и за терминот за вакцинација, соопшти Филипче. Тој вели дека свеста кај граѓаните за потребата од вакцинација е присутна и дополнително ќе се зголемува. - Верувам дека како ќе пристигнуваат информациите за вакцините кои доаѓаат кај нас, така се повеќе граѓани ќе се вакцинираат, подвлече Филипче.ир/скс/

Остани поврзан