• петок, 22 ноември 2024

Владата објави список на фирми кои зеле државна помош, а не исплатиле плати

Владата објави список на фирми кои зеле државна помош, а не исплатиле плати
Скопје, 30 јули 2020 (МИА) - Владата вечерва објави листа со имиња на компании на кои им е исплатена државна помош за минимална плата поради пандемијата со КОВИД-19, а тие не ги уплатиле средствата на своите вработени. Ажурираната анализа на неисплатена државна помош за минимална плата од стана на работодавачите корисници на оваа помош е достапна на следниот линк: https://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/analiza-neplateni_fin_poddrska_finalno_0.pdf Управата за јавни приходи (УЈП) завчера објави дека  281 работодавач кои примиле финансиска поддршка за април годинава во износ од 9.995.565 денари, не ја исполниле обврската за исплата на плата за 722 вработени, односно за мај вкупно 427 компании воопшто не исплатиле плата за 984 вработени, а добиле финансиска поддршка во износ од 13.698.998 денари. Директорката на УЈП Сања Лукаревска истакна дека на работодавачите кои користеле финансиска поддршка, а не извршиле исплата на плата им доставени опомени и како што најави доколку не извршат исплата во определениот рок, ќе следи спроведување на постапка на присилна наплата на платата. Дополнително, додаде, Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување во ваков случај предвидува изрекување на глоба за сторен прекршок, а работодавачот ќе биде задолжен да ги врати добиените финансиски средства во целост, заедно со камата, во спроведена постапка на УЈП во соработка со Државниот инспекторат за труд.лв/фф/  

Остани поврзан