• сабота, 05 октомври 2024

Владата испрати покани до парламентарните политички партии за лидерска средба

Владата испрати покани до парламентарните политички партии за лидерска средба
Скопје, 2 ноември 2022 (МИА) - Владата денеска испрати покана до сите парламентарни политички партии за лидерска средба што треба да се одржи в понеделник, на 7 ноември во Собранието, потврди владината прес-служба за МИА. Премиерот Димитар Ковачевски вчера најави дека ќе испрати покани до партиите, а од Владата соопштија дека средбата се организира со цел да се отвори дискусија за европската иднина на Република Северна Македонија, но и за одлуките кои во наредниот период треба да се носат во Собранието со широк политички и општествен консезус. мс/аа/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан