• понеделник, 25 ноември 2024

Владата им препорачува на работодавачите да организираат работа од дома

Владата им препорачува на работодавачите да организираат работа од дома
Скопје, 19 март 2020 (МИА) - Владата на својата 23-та седница одржана вечерва усвои серија заклучоци со кои им пропорачува на работодавачите да организираат работа од дома, а на маркетите, аптеките, банките и поштите да обезбедат редари пред и во своите објекти. - Се препорачува на сите работодавачи во Република Северна Македонија, односно секое раководно лице на институцијата, во зависност од типот на работата и можностите, да ја организираат работата и начинот на работа на вработените лица, преку работа од дома, без да се наруши редовното и нормалното функционирагье на институцијата, се наведува во заклучоците на Владата усвоени врз основа на препораките усвоени на денешниот состанок на Главниот координативен кризен штаб задолжен за целосна координација во врска со спречувањето на внесување и ширење на коронавирус Ковид-19. Од оваа мерка исклучок се вработените лица во министерствата за внатрешни работи, за здравство и за одбрана, како и во Армијата, противпожарните територијални единици, Царинската управа и во домовите за нега на стари лица и малите групни домови. Покрај ова сите маркети, аптеки, банки и објекти кои даваат поштенски услуги, се обврзуваат задолжително да обезбедат редарска служба при влез и во внатрешноста во објектите, со цел да се контролира влезот и бројот на лица во нив, така што ќе се обезбеди минимум потребното растојание од два метри помеѓу лицата пред и во објектите. На својата седница на која беа разгледувани само материјали поврзани со спроведувањето на вонредната состојба во земјава, Владата го задолжи Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да оствари работиа средба со здруженијата на сточари и Федерацијата на фармери, во врска со извозот на јагниња, како и за  утврдување на мерки што треба да се преземат во овој период. сп/

Остани поврзан