• среда, 25 декември 2024

Владата го повлече Законот за матична евиденција од собраниска процедура

Владата го повлече Законот за матична евиденција од собраниска процедура
Скопје, 22 март 2022 (МИА) - Владата денеска донесе одлука да го повлече Предлогот на Законот за матична евиденција од собраниска процедура. Како што соопшти владината прес-служба, оваа одлука е донесена поради доусогласување на Законот за матична евиденција со реформираниот систем на регистрација на новородени деца со оглед на фактот што законските одредби се застарени и не одговараат на реалната состојба со која се соочува нашиот правен систем. Законското решение, како што се наведува, е застарено во поглед на неевидентираните лица и е потребно дополнително да се усогласи со Законот за неевидентирани лица во матичната книга на родени што е донесен во 2020 година. Законското решение со кое се уредува системот на евиденција во матичните книги на родени, венчани и умрени треба се усогласи и со процесот на дигитализација и интероперабилност. мд/бак/

Остани поврзан