• четврток, 19 декември 2024

Вкупно 420 граѓани ќе добијат субвенции за велосипеди во Аеродром

Вкупно 420 граѓани ќе добијат субвенции за велосипеди во Аеродром
Скопје, 19 јули 2021 (МИА) - На јавниот повик за субвенционирање велосипеди во Општина Аеродром пристигнаа 423 барања, од кои 420 се прифатени. Две се одбиени поради нецелосни документи и едно барање е повлечено, соопштија денеска од Општината. Општинските власти посочија дека во текот на оваа недела ќе бидат изработени решенијата, по што ќе следува повратот на средствата во износ од 50 отсто од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари, со вклучен персонален данок на доход. -Целта на овој проект е поттикнување на граѓаните што помасовно да го користат велосипедот како превозно средство, што ќе овозможи да се растовари сообраќајниот метеж, но и да придонесе за почист воздух и поздрава животна средина, изјави градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин.бт/дма/

Остани поврзан