• среда, 04 декември 2024

Висок пораз на македонските фудбалерки во БиХ

Висок пораз на македонските фудбалерки во БиХ
Зеница, 3 март 2021 (МИА) – Македонската женска фудбалска репрезентација до 19 години денеска во Зеница претрпе висок пораз од 7:0 од Босна и Херцеговина, во првиот од двата контролни натпревари меѓу двете јуниорски селекции. Домашната репрезентација доминираше во текот на целиот натпревар и со головите на Крајниќ (10 минута), Мујкиќ (18), Јелчиќ (22), Милинковиќ (30) замина на полувреме со предност од 4:0. Недева со автоголот во 58 минута, и двојниот стрелец Крајшумовиќ (67, 75) го поставија конечниот резултат. Вториот натпревар двете репрезентации ќе го одиграат в петок, исто така на теренот на тренинг кампот на Фудбалската федерација на БиХ,во Зеница. ег/оџ

Остани поврзан