Висока зона од населбите Аеродром и Ново Лисиче и дел од Булевар Србија утре без вода
- ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје соопшти дека корисниците на дел од Булевар Србија, Христо Татарчев и висока зона од населба Аеродром и населба Ново Лисиче утре ќе имаат прекинато водосна
Скопје, 6 септември 2022 (МИА) - ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје соопшти дека корисниците на дел од Булевар Србија, Христо Татарчев и висока зона од населба Аеродром и населба Ново Лисиче утре ќе имаат прекинато водоснабдување.
- Ве известуваме дека на ден 7 септември 2022 (среда), поради промена на шибер ф - 80 мм на Булевар Србија (кај железничкиот мост), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Булевар Србија, Христо Татарчев – (сервисна зона од ул.1 до ул.7) и висока зона од населба Аеродром и населба Ново Лисиче од 09:00 часот до завршување, информираат од претпријатието. сх/нд/