• четврток, 20 јуни 2024

Вински музеј  и Музеј галерија Кавадарци најавија драмски ораториум „Ваташа“ во спомен на  стреланите 12 младинци 

Вински музеј  и Музеј галерија Кавадарци најавија драмски ораториум „Ваташа“ во спомен на  стреланите 12 младинци 

Кавадарци, 12 јуни 2024 (МИА) - Во чест на одбележувањето на 81 година од стрелањето на 12 Ваташки младинци, Вински музеј за регион Тиквеш - Кавадарци и Музеј Галерија Кавадарци под покровителство на градоначалникот Митко Јанчев и Совет на Општина, вечерва го најавија настанот, промоција на Драмски ораториум „Ваташа“ од драматургот Зоран Пејковски.

- Познати актери ќе изведат драматизација од драмскиот ораториум во сабота во 19 часот во Дом на култура „Иван Мазов - Климе“ Кавадарци, појаснија од овие две културни установи.

Во недела од 10.30 часот ќе има положување на цвеќе на споменикот на 12 ваташки младинци во месноста Моклиште, како и културно- уметничка програма. свд/мд/

Фото : Фејсбук на Вински музеј Кавадарци

Остани поврзан