• сабота, 06 јули 2024

Вилијам Лаи води во претседателската трка во Тајван по половина преброени гласови

Вилијам Лаи води во претседателската трка во Тајван по половина преброени гласови

Тајпеј, 13 јануари 2024 (МИА) - Владејачката партија на Тајван води во претседателската трка по половина преброени гласови, јавуваат локалните медиуми. 

Кандидатот на владејачката Демократска прогресивна партија на Тајван, Вилијам Лаи води во претседателската трка по половина од преброените гласови на денешните избори во земјата, јавија локалните медиуми, цитирани од американските меидуми.

Избирачките места веќе се затворени за денешните претседателски и парламентарни избори, кои ќе ја одредат траекторијата на односите на демократски самоуправниот остров со Кина во следните четири години.

Централна тема на овие избори беа мирот и стабилноста на Тајван, остров што се наоѓа на 160 километри од кинескиот брег, што Пекинг го смета за своја отцепена провинција и сака да го врати, доколку е потребно, и со сила. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан