• среда, 06 ноември 2024

Виетнам воведе двонеделен карантин во градот Да Нанг

Виетнам воведе двонеделен карантин во градот Да Нанг
Ханој, 28 јули 2020 (МИА) - Виетнам денеска прогласи двонеделен карантин во третиот град по големина во земјата, откако биле потврдени уште 15 случаи на заразени со коронавирус во болниците, соопшти Владата. Заразени се неколку пациенти и здравствени работници во болницата „Да Нанг“ во истоимениот град. Јавниот превоз од и во градот Да Нанг е откажан. За илјадници, повеќето виетнамски туристи, заврши одморот во тоа популарно летувалиште на брегот на Јужното Кинеско Море. Властите процениле дека неколку стотина луѓе поради откажаниот превоз ќе бидат блокирани во Да Нанг и затоа побарале од хотелите да им овозможат сместување. Виетнамската Влада во неделата наложи затворање на сите оние претпријатија кои не извршуваат неопходна дејност и побара од луѓето да држат физичка дистанца во градот, каде живеат повеќе од еден милион жители. Досега во земјата се регистрирани 531 заразен со Ковид-19, а нема ниту еден смртен случај. гт/

Остани поврзан