• вторник, 26 ноември 2024

Видодо: Путин прифати да присуствува на Самитот на Г-20 во ноември

Видодо: Путин прифати да присуствува на Самитот на Г-20 во ноември
Џакарта, 29 април 2022 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин ја прифати поканата да присуствува на Самитот на Г-20 што ќе се одржи на индонезискиот остров Бали во ноември, изјави денеска индонезискиот претседател Џоко Видодо, објави Си Ен Ен. - Индонезија сака да ги обедини Г-20. Да не се дозволи да има поделеност. Мирот и стабилноста се клучни за закрепнување и развој на светската економија, истакна Видодо. Тој го покани и украинскиот претседател, Володимир Зеленски да присуствува на Самитот. Зеленски на Твитер се заблагодари за поканата, но не прецизираше дали ќе отпатува за Бали. Претходно, индонезискиот претседател телефонски разговараше и со Путин и со Зеленски. Тој му кажал на Путин колку е важно веднаш да се стави крај на војната во Украина, но го известил и за желбата на Индонезија да придонесе за мирно решавање на конфликтот. Индонезискиот претседател на Зеленски му понудил хуманитарна помош за Украина, но не и воена, што според него, е забрането со индонезискиот Устав и со надворешнополитичките принципи на земјата. бд/гт/

Остани поврзан