• понеделник, 23 декември 2024

Видео средба Димитров-Клус: Словачка е една од најсилните поддржувачи на политиката на проширување на ЕУ

Видео средба Димитров-Клус: Словачка е една од најсилните поддржувачи на политиката на проширување на ЕУ
Скопје, 20 јануари 2020 (МИА) - Заменик-претседател на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров на денешната видео-средба со државниот секретар за ЕУ во Министерството за надворешни и европски работи на Словачка, Мартин Клус, истакна дека Словачка е една од најсилните поддржувачи на политиката на проширување на ЕУ односно комплетирање на Европа, но и промотор на ЕУ како унија на вредности. Димитров на средбата информирал за актуелностите во однос на предизвиците на патот на евроинтеграцијата и нагласил дека фокусот на Владата останува непроменет во однос на европеизацијата на земјата, со уште позасилена посветеност на домашните реформи во светло на европската агенда. Од владината прес-служба соопштија дека, на состанокот инициран од словачка страна се разговарало за европската агенда и заложбите на Словачка за евроинтегративните процеси на Северна Македонија, како еден од најгласните поддржувачи на проширувањето. - Беа реафирмирани цврстите пријателски билатерални односи и разгледани можностите за унапредување во повеќе области, со засилен ангажман на Словачка во областите каде најмногу може да придонесе, наведоа од владината прес-служба. см/ац/

Остани поврзан