„Видеолотарија Касинос Австрија“ со нова поддршка за македонската кошарка
Скопје,3.јули 2025 (МИА) - Под слоганот „Играј со најдобрите“, Видеолотарија Касинос Австрија повторно застанува силно и безрезервно на страната на спортот – овојпат како поддржувач на македонската кошарка. Денес беше потпишан нов спонзорски договор со Македонската кошаркарска федерација.
Претседателот на Македонската кошаркарска федерација, Томе Главчев ја изрази својата благодарност нагласувајќи дека „Видеолотарија Касинос Австрија“ е меѓу првите компании кои уште веднаш реагираа на нивното барање за поддршка на федерацијата.
- Сакам да упатам една голема благодарност. Овој континуитет секако многу значи за нас, верувам дека ќе го следат овој тренд на оваа подадена рака. Се надевам дека таа наша доверба ќе ја оправдаме заеднички во иднина, дека не само ќе можеме да ја продолжиме и со некои подобри резултати туку и малку да се пофалиме, и пред вас, а и пред нашата јавност“ – изјави Главчев.
Потпретседателот на МКФ Младен Ѓуроски ја изрази својата благодарност за поддршката, нагласувајќи ја важноста од вакви партнерства за развојот на македонската кошарка и спортот воопшто. Пред медиумите Ѓуроски го претстави и дресот со аплицираното лого на Видеолотарија. мн/
Фото: МКФ