Вељановски: За кршењето на процедурите во советот на Општина Карпош, ќе следува одговорност
- Скопје, 5 јануари 2024
Скопје, 5 јануари 2024
Почитувани,
Втор ден откако се погазени и престанаа да се почитуваат законите, Деловникот и Статутот на Општината во општината во Општина Карпош.
Левица како политички исцедок на СДС беше основното орудие со кое Стевчо Јакимовски го спроведе насилието за да биде донесен Буџетот на општина Карпош за 2024 година.
Од претседателот на Советот кој доаѓа од редовите на Левица се уште има само молк, но затоа пак објавите на Јакимовски го потврдуваат фактот дека вчерашните немили и срамни настани на седницата на Совет беа спроведени по однапред договорено сценарио помеѓу Левица, СДС и Јакимовски.
Со објавите на градоначалникот се потврди дека дел од изведеното сценарио е и непојавувањето на претседателот на Совет на Општина Карпош на седницата. Неговата замена како претседавач со Советот, со советник под целосна и недвосмислена контрола на Јакимовски, инаку советник од редовите на ГРОМ, бруталната злоупотреба и манипулација на вработените во општинската администрацијата за вршење политички притисок врз советниците во Советот е ставање на целата структура на Општината во корист и служба на градежната мафија.
Вчерашната седница ни ги навести и најави и средствата и начинот на кој што Левица има намера да му помогне на Јакимовски и СДС за усвојување на спорните ДУП-ови, Алумина, Млечен, Нерези и многу други.
Граѓаните ги препознаа евтините трикови на Левица, граѓаните ги препознаа и скриените договори на Левица, СДС, Јакимовски и градежната мафија. Граѓаните ја препознаа и опасноста и ризикот дека ова истото ќе се обидат да го повторат, но исто така граѓаните веќе знаат дека ВМРО-ДПМНЕ е единствениот политички субјект во Советот на Општина Карпош, кој може да го заштити Карпош и нивниот интерес.
Не знаеме каков договор и каква награда очекуваат Левица, СДС и Стевчо Јакимовски, но затоа знаеме дека ќе направиме се што е во наша моќ за да ги спречиме.
Наместо градоначалникот да ги навредува и да ги упатува советниците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, од советот на Карпош на психијатриски прегледи, му препорачуваме да го искористи времето и добро да размисли пред да ја потпише одлуката за донесување Буџет на Општина Карпош за 2024-та година. Треба да знае дека за кршење на сите законски процедури се одговара.
Уште еднаш оттука повторуваме дека ќе ги искористиме сите легални правни средства, ќе ги поднесеме сите потребни претставки и ќе се обратиме до сите надлежни институции за да ги спречиме во нивните намери.
Фото: ВМРО-ДПМНЕ
Роберт Вељановски, советник од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општина Карпош
__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки