• петок, 27 декември 2024

Весковски ја потпиша Декларацијата за лицата со попреченост

Весковски ја потпиша Декларацијата за лицата со попреченост
Скопје, 27 октомври 2021 (МИА) - Кандидатот за градоначалник на Општина Карпош од СДСМ, Душко Весковски денеска на средбата со претставници на Ресурсниот центар на родители на деца со посебни потреби ја потпиша Декларацијата за лицата со попреченост. -Се обврзав во првите шест месеци од мојот мандат дека Општината под мое раководство ќе направи мапирање на социјалните сервиси и ќе изготви Социјален план на Општина Карпош, чија реализација ќе биде спроведена партнерски со сите засегнати страни, рече Весковски. Тој вети дека во текот на првата година од неговиот мандат ќе ги анкетира и регистрира сите лица со попреченост со посебен осврт на нивните потреби, но и на нивните вештини и знаења во правец на задоволување на потребите, нивна инклузија, интеграција и социјализација. Ова, како што рече, ќе претставува значаен придонес во креирањето на Националниот регистар на лица со попреченост. -Ова е уште еден доказ за сериозниот пристап за поддршка на лицата со попреченост и нивна инклузија во Општина Карпош и општеството воопшто. Нашата цел е општина Карпош да стане најинклузивната општина во Скопје, но и пошироко, рече кандидатот за градоначалник на Карпош, Весковски.бт/са/

Остани поврзан