• понеделник, 23 декември 2024

Верстапен се повлече од прес-конференцијата за Големата награда на Саудиска Арабија поради стомачни проблеми

Верстапен се повлече од прес-конференцијата за Големата награда на Саудиска Арабија поради стомачни проблеми

Џеда, 16 март 2023 (МИА) - Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, се повлече од прес-конференцијата и настаните за ангажман на медиумите пред Големата награда на Саудиска Арабија.

 

Актуелниот шампион ќе го пропушти традиционалниот прес на ден пред почетокот на етапата поради стомачни проблеми, објави „Sky Sports“.

 

Воедно, се очекува спортистот да може да учествува и на двете сесии на слободни тренинзи, закажани за утре, 17 март.

 

Големата награда на Саудиска Арабија ќе се вози од 17 до 19 март. Трката во Џеда ќе биде втора во сезоната 2023 година.

 

Верстапен победи на првата година во Бахреин, Холанѓанецот стана шампион на Формула 1 во претходните две сезони. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан