• петок, 22 ноември 2024

Венгер откри како го извлекол максимумот од Озил

Венгер откри како го извлекол максимумот од Озил
Лондон, 10 октомври 2020 (МИА) - Поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер откри како успеал да ги искористи силните страни на плејмејкерот Месут Озил. Французинот, кој мина 22 години на кормилото на „топџиите“, го опиша германскиот играч за врска како фудбалер со проблематична дисциплина. - Тој не беше човекот со најдобра дисциплина на теренот. А, играњето без топка во ногата не е една од неговите силни страни. Но, можете да се справите со тоа ако поставите играчи со подефанзивно размислување околу него. Најважно е да бидете во можност да ја добиете вистинската рамнотежа помеѓу нападот и одбраната. Во текот на последните 10 години, фудбалерите го изгубија техничкиот квалитет на сметка на физичкиот. Стана поважно од техниката и донесувањето одлуки. Сега се важни физичките карактеристики, интензитетот и експлозивноста. Исто така е важно да се биде шоумен, изјави Венгер.

Тагови

Остани поврзан