• понеделник, 23 декември 2024

Велика Британија за три недели пресретнала 21 руски авион на границите на НАТО, кај Естонија

Велика Британија за три недели пресретнала 21 руски авион на границите на НАТО, кај Естонија

Лондон, 25 јуни 2023 (МИА) - Во текот на изминатите три недели за време на мисијата во Естонија, британските борбени авиони „пресретнале“ 21 руски авион на границата на воздушниот простор на НАТО, соопшти доцна синоќа британското Министерство за одбрана.

Меѓу руските авиони биле регистрирани борбени и транспортни авиони и авиони за собирање разузнавачки информации, како и бомбардерите „Ту-22М“, соопшти британската одбрана.

-Овие пресретнувања се добар потсетник за вредноста на колективната одбрана и одвраќањето што ги обезбедува НАТО, изјави британскиот министер за одбрана Бен Валас.

Според него, Кралското воено воздухопловство (РАФ) во изминатите три недели работеше заедно со сојузниците за да се осигура дека земјите-членки на НАТО и партнерските нации се заштитени.

Британските авиони во Естонија се наоѓаат од март, како дел од британскиот придонес во мисиите на НАТО. Тие ги надгледуваат руските авиони кои не комуницираат со агенциите за воздушен сообраќај, што претставува закана за безбедноста на воздухопловството.

Авионите на ОК ќе останат во Естонија до август, кога ќе бидат заменети со шпански авиони. сд/

Фото:ЕПА

Остани поврзан