• сабота, 16 ноември 2024

Велигденскиот концерт на КУД „Рацин“ Кичево за сите вкусови

Велигденскиот концерт на КУД „Рацин“ Кичево за сите вкусови
Кичево, 26 април 2022 (МИА) - Во преполната сала од Центарот за култура во Кичево, вечерва традиционалниот „Велигденски концерт“ го одржа КУД „Рацин“. На сцената продефилираа повеќе од 60 играорци, пеачи и инструменталисти, кои во целост ги задоволија вкусовите на над 500 гледачи. - На репертоарот беа инструменталните изведби на Гајдарско и Касапско оро, орски изведби на познатите Ајдучко оро и Малешевка на првиот состав, потоа Тропнало оро и Сред село на детскиот ансамбл и изведба на народни песни на пејачи членови на друштвото, потврди кореаграфот Јовица Блажевски, кој беше презадоволен од она што го пружија неговите играорци, пеачи и инструменталисти на Велигденскиот концерт. -Овој концерт го подготвуваме околу два месеци и според аплаузите на присутната публика во салата, впечатокот беше исклучително поволен. Сите членови на друштвото се потрудија вечерва да имаат перфектна изведба и затоа сите сме повеќе од задоволни од годинешниот Велигденски коцерт, истакна по коцертот кореографот Јовица Блажевски, кој посочи дека во текот на наредниот период КУД „Рацин“ ќе има настапи во повеќе градови во земјава, а ќе биде дел и од Меѓународниот фолклорен фестивал „Др.Владимир Полежиноски“ во Кичево. Директорот од Центарот за култура Мазлам Османи беше презадоволен од изведбата на членовите на друштвото КУД„ Рацин“ ,кои функционираат во рамките на самиот Центар за култура. -Вечерашниот концерт на КУД„ Рацин“ заслужува највисока оцена. Програмата беше изведена во ист ритам, сите играорци, пеачи и инструменталисти се покажаа во најдобро светло и во целост ги задоволија вкусовите на гледачите во преполната сала од Центарот за култура, нагласи Османи.за/см/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан