• сабота, 21 декември 2024

Вархеји верува дека годинава и БиХ ќе добие кандидатски статус за членство во ЕУ

Вархеји верува дека годинава и БиХ ќе добие кандидатски статус за членство во ЕУ
Барселона, 24 ноември 2022 (МИА) - Еврокомесарот за проширување на Европската Унија, Оливер Вархеји денеска потврди дека наредниот месец, Босна и Херцеговина може да добие кандидатски статус за членство во блокот од 27 земји, како што претходно добија Украина, Молдавија и Грузија. - Доколку има една позитивна последица на војната на Русија против Украина, тоа е, дека проширувањето на ЕУ е долгорочно решение за воспоставување мир, безбедност и просперитет. Во таа смисла, проширувањето сега е „топ“ приоритет, не само на нашите соседи, туку и на нас, изјави Вархеји. Тој ја даде изјавата на прес-конференција во Барселона, каде се одржува форум на Унијата за Медитеранот. - Ги удвоивме напорите, внатре во Европската комисија, со цел да ставиме на маса предлози за проширување. Оваа година веќе им дадовме кандидатски статус на три земји. Украина, Молдавија и на Грузија. Верувам дека оваа година ќе имаме уште една позитивна одлука за Босна и Херцеговина, додаде Вархеји. Како што нагласи тој, со тоа „му даваме нов живот на проширувањето“. - Но, се разбира, проширувањето е тежок процес. Сега земјите кандидати прво ќе треба да ги исполнат нивните задачи, посочи Вархеји. Последната земја што стана членка на ЕУ, беше Хрватска во 2013 година. бд/зш/

Остани поврзан