Валандово добива инклузивно игралиште за деца со попреченост
- Во стремежот за развој на сестрана заедница која креира еднакви шанси за секој човек,во градот Валандово се подготвува за употреба првото инклузивно детско игралиште на територијата на општин
Валандово,8 јули 2022(МИА)-Во стремежот за развој на сестрана заедница која креира еднакви шанси за секој човек,во градот Валандово се подготвува за употреба првото инклузивно детско игралиште на територијата на општината.
Детското игралиште се уредува со цел да ја подигне на повисоко ниво свеста за различностите,да овозможи место каде децата со попреченост ќе играат со другите деца о што ќе се направи уште еден чекор напред кон поголема инклузија во локалната заедница,порачаа од општина Валандово.
--Нашата општина е заедница на граѓани со големи срца.Го сакаме светот со многу бои,се дополнуваме меѓусебно и си подаваме рака еден на друг,рече градоначалникот Перо Костадинов при изразувањето благодарност за покренување на иницијативата и партнерскиот пристап во реализацијата на проектот од страна на амбасадата на СР Германија и граѓанското здружение „Општетво за сите“, од Валандово. им/ир