• петок, 22 ноември 2024

Вакцините на АстраЗенека и Фајзер го намалуваат ризикот од хоспитализација за 80 отсто

Вакцините на АстраЗенека и Фајзер го намалуваат ризикот од хоспитализација за 80 отсто
Лондон, 1 март 2021 (МИА) - Една доза од вакцините на АстраЗенека/Оксфорд или Фајзер/БиоНТек против Ковид-19 ги намалува шансите за болничко лекување за повеќе од 80 отсто, покажува анализата спроведена во Англија. Податоците на јавното здравство во Англија за луѓето на возраст над 80 години се совпаѓаат со слично „шпекулативните“ резултати во Шкотска. Секретарот за здравство Мат Хенкок истакна дека наодите се „многу силни“. Тој додаде и дека со вакцинацијата може да се објасни зошто бројот на приеми во одделите за интензивна нега поради Ковид-19 за луѓето над 80-годишна возраст во Велика Британија е „намален на едноцифрен број во последните неколку недели“. Повеќе од 20 милиони луѓе ја примиле првата доза од вакцината против коронавирус во Велика Британија, односно над една третина од возрасната популација. гт/

Остани поврзан