• понеделник, 23 декември 2024

Буџетот на Општина Маврово и Ростуше за следната година тежи над 189 милиони денари

Буџетот на Општина Маврово и Ростуше за следната година тежи над 189 милиони денари
Дебар, 29 декември 2020 (МИА) - Советот на Општина Маврово и Ростуше на 49-та седница, последна за оваа календарска година, со која раководеше претседателот Алил Алили, едногласно го усвои Предлог-буџетот на општината за 2021 година. Буџетот тежи 189 милиони и 487 илјади денари, што споредно со проектираниот буџет за 2019 година е помал за 861 илјада денари. - Во делот кај расходите, тие се проектирани во износ од 204 милиони и 687 илјади денари распределени во 24 потпрограми. Капиталните расходи се проектирани во износ од 62,9 милиони денари. Вкупниот дефицит изнесува 15,1 милион денари, информираат од секторот за финаниски прашања во општината. Посочија дека дефицитот е планирано да се покрие со префрлање на вишокот приходи остварен во претходните години. Градоначалникот Медат Куртовски истакна дека како локална самоуправа ќе продолжат и следната година со реализација на капитални проекти со кои ќе се подобри квалитетот на животот на граѓаните во општината. - Наша цел е со сопствени средстава но и со големата подршка што ја добиваме од Владата да продолжите со реализација на проекти кои се насочени кон подобрување на условите за живот на нашите сограѓани, ,подобрување на условите за развој на туризмот и секако заштита на животната средина, рече Куртовски. Тој им се заблагодари на советниците за ангажраноста во годинава која изминува и донесувањето на одлуките во интерес на граѓаните. И двајцата упатија честитка го граѓаните на општината со желби за добро здравје, напредок и благосостојба и надминување на пандемијата, по која ќе биде запаметена 2020 година.вт/фф/

Остани поврзан