• понеделник, 23 декември 2024

Буши присуствуваше на промоцијата на концептот за унапредување на „Комуникација со заедниците“ и „Сина храброст“ на полицијата

Буши присуствуваше на промоцијата на концептот за унапредување на „Комуникација со заедниците“ и „Сина храброст“ на полицијата
Скопје, 18 јули 2022 (МИА) - Заменик министерот за внатрешни работи, Назим Буши, и директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски, денеска присуствуваа на работилницата на стратешко ниво за „Комуникација со заедниците“ и „Сина храброст“ на полицијата, организирана во соработка со ИЦИТАП - Меѓународната програма за обука и помош при вршење на кривични истраги при Одделот за правда на Соединетите Американски Држави. Заменик министерот Буши во своето обраќање ги потенцираше заедничките напори во зацврстување на концептот на полициско работење во соработка и комуникација со заедницата и концептот на ефективен механизам за преобразба на постојната полициска култура.- Можам слободно да кажам дека концептот за соработка и комуникација на полицијата со заедницата се разви од критичкото испитување за тоа каков треба да биде одзивот на полицијата кон граѓаните, заедницата и проблемите со криминалот. Филозофијата на соработката и комуникацијата меѓу полицијата и заедницата ја реафирмира проактивната превенција на криминалот што е, всушност, основната мисија на полицијата. Соработката и комуникацијата меѓу полицијата и заедницата е зацврстена со концептот на заедничка одговорност за безбедноста и сигурноста на локалното население, истакна Буши.Во однос на проектот „Сина храброст“, тој образложи дека преку него полициските службеници ќе ги унапредат тактиките при инциденти и превенирање на последиците кои произлегуваат од нив, и дека преку  овој концепт, кај полициските службеници ќе се развие психичката цврстина што ќе ја овозможи суштински потребната издржливост, квалитети што мора да ги поседува секој полициски службеник. сх/сст/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан