• среда, 18 декември 2024

Бугарија ја проучува можноста за купување турски дронови „Бајрактар"

Бугарија ја проучува можноста за купување турски дронови „Бајрактар
Софија, 25 ноември 2022 (МИА) - Бугарија ги проучува можноста за купување турски беспилотни летала „Бајрактар“, изјави техничкиот министер за одбрана, Димитар Стојанов, пренесува БНР. Како што јави дописникот на МИА од Софија, бугарскиот технички министер за одбрана изјави дека имало само средба со турската страна, прецизирајќи дека средбата била со извршниот директор на компанијата „Бајрактар“. Турската компанија понудила информации, соработка и кооперација, вклучително и со бугарски компании, но дека било рано е да се зборува за овој проект. Компаниите со кои може да се разговара се познати, вели министерот Стојанов, но како што вели, САД се водечка земја. Според него, проектот е во фаза на истражување на пазарот. Набавката на беспилотни летала е во плановите на бугарското Министерство за одбрана за модернизација на армијата до 2026 година. Предвидениот буџет за оваа намена се проценува на вредност од 250 до 500 милиони евра. нк/сд/

Остани поврзан