• понеделник, 23 декември 2024

Бугарија: Партијата на двајцата поранешни привремени министри ќе потпише коалиција со партијата Волт

Бугарија: Партијата на двајцата поранешни привремени министри ќе потпише коалиција со партијата Волт
Софија, 20 септември 2021 (МИА) -  „Продолжуваме со промената“ - политичкиот проект на поранешните привремени министри Кирил Петков и Асен Василев, ќе учествува на предвремените парламентарни избори во Бугарија на 14 ноември со регистрација на партијата „Волт“. Бидејќи немаат време да регистрираат своја политичка партија до гласањето на 14 ноември Новата формација ќе се вика „Продолжуваме со промената“, како што експлицитно инсистираа Петков и Василев на преговорите. Водечка фигура во Волт е Настимир Ананиев, поранешен член на блокот Реформисти и активен учесник во антивладините протести против кабинетот на Бојко Борисов. Од локалните избори во 2019 година, Ананиев соработува со поранешната социјалистка Маја Манолова. Тој, исто така, стоеше зад коалицијата „Застани БГ. Доаѓаме“, во која Маја Манолова има водечка улога, но неодамна „Волт“ повеќе не е дел од коалицијата. Подоцна се покажа дека Ананиев разговарал со Петков и Василев. Тие изјавија дека нема да има луѓе меѓу нивните поддржувачи кои биле во повеќе од една партија. Волт ќе ги отстапи своите списоци на двајцата поранешни министри, без резерва, како што тие самите побараа. Претходно, Нестимир Ананиев објави дека негов единствен услов во преговорите е „Продолжуваме со промената“ да не право сојуз со ГЕРБ, како и со ДПС. Партијата на Ананиев сепак ќе номинира луѓе за заеднички кандидатски листи за изборите. нк/

Остани поврзан