• недела, 22 декември 2024

Бугарија може да добие близу 8 милијарди евра од европските програми

Бугарија може да добие близу 8 милијарди евра од европските програми
Софија, 23 октомври 2022 (МИА) - Бугарија може да добие близу 8 милијарди евра од европските програми за новиот програмски период, најави вршителот на должноста вицепремиер за апсорпција на европските фондови, Атанас Пеканов. Според Пеканов, веќе се одобрени седум оперативни програми на Бугарија. Според него, во последните 2 месеци е одобрено финансирање со европски средства за 7 од оперативните програми, над 7 милијарди евра, кои ќе се слеат во бугарската економија во претстојниот програмски период јави дописникот на МИА од Софија. Овие средства ќе се влеат во бугарската економија во услови на криза, а нивната цел е да го искористат ефектот поврзан со подобрување на условите за живот. Според Атанас Пеканов, станува збор за исклучително голема сума на пари од 14 милијарди лева (7 милијарди евра), плус уште една милијарда евра. Ова е всушност повеќе од Планот за закрепнување и одржливост" според кој Бугарија ќе добие дополнителни средства, изјави Атанас Пеканов, вицепремиер за управување со европските фондови на Бугарија. Министерството за иновации и раст на Бугарија ќе обезбеди 600 милиони лева ( 300 милиони евра), според Планот за закрепнување до крајот на годината во форма на 4 процедури. Бугарија доби 2.500 инвестициски предлози за над 1 милијарда лева (500 милиони евра). Речиси 450 милиони лева (220 милиони евра) се издвоени во зелената програма на Бугарија за борба против поплавите, 92 милиони лева (46 милиони евра) се наменети за акции. нк/

Остани поврзан