• петок, 22 ноември 2024

Бугарија/Избори: БСП нема да ја поддржи владата предложена од Слави Трифонов

Бугарија/Избори: БСП нема да ја поддржи владата предложена од Слави Трифонов
Софија, 13 јули 2021 (МИА) - БСП нема да ја поддржи владата на Слави Трифонов, најави лидерот на партијата Корнелија Нинова, јави дописникот на МИА од Софија. Нинова како аргумент ги посочи четирите цели на БСП - да се промени моделот на управување на паралелната држава, да се врати државноста, да се решат социјалните проблеми на луѓето преку политики и да се обезбеди сигурност и стабилност на Бугарија. Таа додаде дека „гневот на луѓето од протестите беше искористен за уште еден политички експеримент“. Нинова истакна дека Слави Трифонов му нанесе тежок удар на парламентаризмот со начинот на кој го презентираше својот предлог. Покрај тоа, рече дека Трифонов немаше предлози за социјални мерки, промена на моделот на здравствена заштита и образование. „Ако ГЕРБ ја предложи владата, БСП ќе гласа против. Ако бугарскиот претседател Румен Радев го врачи мандатот за нова влада на Нинова, тоа ќе се реализира“, најави лидерот на социјалистите. нк/паг/  

Остани поврзан