• недела, 16 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Брус Спрингстин ѝ потпиша оправдание на мала обожавателка за отсуство од училиште

Брус Спрингстин ѝ потпиша оправдание на мала обожавателка за отсуство од училиште

Сан Франциско, 2 април 2024 (МИА) - Американскиот пејач Брус Спрингстин потпишал оправдание за отсуство за своја млада обожавателка која не пошла на училиште поради концертот на својот поп-рок миленик во Сан Франциско.

За време на завчерашниот концерт, Спрингстин забележал дека девојче од првите редови држи транспарент со натпис дека не отишла на училиште и оти ѝ треба оправдание за отсуството.

Снимките од концертот потврдуваат дека Спрингстин го потпишал документот, но не е познато дали училиштето го прифатило оправданието.  си/сд/

Фото: Фејсбук

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан