• среда, 04 февруари 2026

Бруно Фернандеш заминува од Манчестер Јунајтед ?

Бруно Фернандеш заминува од Манчестер Јунајтед ?

Манчестер, 27. јануари 2026 (МИА) – Голем е бројот на англиските медиуми кои пренесуваат дека играчот на Манчестер Јунајтед Бруно Фернандеш сериозно размислува да го напушти клубот. 33-годишниот Португалец, кој воедно е и капитен на клубот има активен договор до летото 2027 година.

Фернандеш има опција да го продолжи договорот на уште една година, но според најавите тоа тешко ќе се реализира и дека тој не е сигурен дека ќе остане на Олд Трафорд.

Во меѓувреме од Саудиска Арабија пристигнуваат понуди за играчот, која бара и зголемување на платата која сега изнесува околу 17 милиони евра.

Бруно Фернандеш во Манчестер Јунајтед пристигна во 2020 година од португалски Спортинг. мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан