• недела, 22 декември 2024

Бројот за заразени со новиот коронавирус во Словенија се искачи на дванаесет - забранети сите поголеми собири

Бројот за заразени со новиот коронавирус во Словенија се искачи на дванаесет - забранети сите поголеми собири
Љубљана, 7 март 2020 (МИА) - Бројот на заразени лица со новиот коронавирус во Словенија се искачи на 12, јави дописникот на МИА од Љубљана. Еден пациент од ново заболените изминатава недела престојувал во Венеција, други во Австрија, а едно лице било во контакт со доктор кој бил инфициран со коронавирусот. Поради наглото зголемување на бројот на заразени лица словенечката Влада донесе одлука да ги забрани сите собири каде има повеќе од 500 луѓе. Одлуката стапи во сила вечерва во 19 часот. Поради ова во целата земја се одложени сите поголеми концерти, културни и спортски настани. Одлуката ја соопшти министерот за здравство Алеш Шебедер, кој кажа дека таа ќе остане во сила се додека има опасност од натамошно ширење на вирусот. ав/

Остани поврзан