• среда, 26 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Брнабиќ: Парламентот ќе расправа за гласање за доверба и на владата и на мене

Брнабиќ: Парламентот ќе расправа за гласање за доверба и на владата и на мене

Белград, 27 јануари 2025 (МИА) - Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ денеска изјави дека на дневен ред на собраниската седница закажана за среда, меѓу другото, ќе биде и довербата на Владата на Србија, што претходно ја побара опозицијата.

Таа во Палатата „Србија“ рече дека ќе се разговара и за тоа дали пратениците имаат доверба во неа и дали се задоволни од начинот на кој таа го води Парламентот.

Брнабиќ ги критикуваше пратениците од опозицијата кои најавија блокада на работата на Народното собрание и порача дека тоа е единственото нешто што нема да го дозволи. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан