• вторник, 05 ноември 2024

Британска компанија за поморска безбедност соопшти дека брод бил нападнат југозападно од јеменскиот град Ходеида

Британска компанија за поморска безбедност соопшти дека брод бил нападнат југозападно од јеменскиот град Ходеида

Каиро, 6 април 2024 (МИА) - Британската компанија за поморска безбедност „Амбри“ денеска соопшти дека добила информација за нападнат брод на околу 61 наутичка милја југозападно од јеменскиот град Ходеида, пренесоа британските медиуми.

Јеменските бунтовници Хути, поддржани од Иран, со месеци започнуваат напади врз бродови во Црвеното Море во знак на солидарност со Палестинците во Газа. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан