• сабота, 21 декември 2024

Брестовац: Младите не смеат да бегаат од одговорност

Брестовац: Младите не смеат да бегаат од одговорност
Виена, 10 јануари 2020 (МИА) - Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Данило Брестовац по вечерашната инфарктна победа над Украина на првиот меч од Европското првенство во Австрија, изјави дека тимот се потпрел на капитенот Лазаров да решава во одлучувачките моменти, но дека младите не смеат да бегаат од одговорност. - Малку закочивме во комбинаториката, се потпревме многу на Киро (Лазаров) да решава. Младите во вакви моменти не смеат да бегаат од одговорност, мора малку повеќе да повлечат. Во одбраната бевме малку кршливи откако Украинците ни поминуваа лесно. Сепак момците изгинаа на терен и им честитам на сите. Лазаров е голем играч, нема што да се каже друго, изјави Брестовац по победата над Украина.

Остани поврзан