• недела, 22 декември 2024

Бреинстер постојано расте: Отворени повеќе од 20 нови позиции за вработени и инструктори

Бреинстер постојано расте: Отворени повеќе од 20 нови позиции за вработени и инструктори

Најнапредната едукативно-технолошка (EdTech) организација во земјата, Бреинстер (Brainster), заедно со првиот практичен ИТ-факултет Бреинстер Некст колеџ (Brainster Next College), започнуваат ново поглавје во својата работа и ја отвораат можноста за нови талентирани професионалци да се приклучат на нивниот тим.

Со континуираниот раст на организацијата и зголемениот обем на работа, Бреинстер месецов објави огласи за 24 нови работни места, од кои 4 за вработени со полно работно време и 20 позиции за инструктори и професори. Од компанијата велат дека овој забрзан раст доаѓа како резултат на сè поголемите потреби на новите студенти, чијшто број постојано се зголемува, но и со цел да им се обезбеди активно и континуирано образование преку воведување нови модули и постојано унапредување на постоечките академии и додипломските студиски програми.

„Во 2015 година започнавме со само еден вработен и 7 инструктори, за денес, речиси 8 години подоцна, нашето семејство да брои повеќе од 70 вработени и над 150 инструктори и професори. Ова укажува дека студентите стекнуваат сè поголема доверба во нашите програми, и овој рапиден раст за нас претставува уште поголема мотивација да продолжиме да се развиваме, но и клучна пресвртница во визијата на Бреинстер за обликување на иднината на образованието. За таа цел, ги бараме најдобрите за да останеме најдобри – посветени, иновативни и со страст за пренесување на знаење“, вели Петар Ниновски, основач на Бреинстер и Бреинстер Некст колеџ и извршен директор на Бреинстер.

Новите огласи вклучуваат работни места за координатор на реални проекти, графички дизајнер/аниматор и лица задолжени за искуството и задоволството на студентите, како за академиите, така и за Бреинстер Некст колеџот. За инструктори, пак, отворени се повеќе од 20 позиции за професионалци што ќе предаваат на академиите на Бреинстер. Потребни се експерти од повеќе области кои имаат познавања и вештини од ИТ, како Back-end и Front-End програмирање, науката за податоци и софтвер тестери, но и професионалци за креативните индустрии како дигитален маркетинг, графички, UX/UI дизајн и човечки ресурси.

Како поттик за вработување, Бреинстер ги истакнува придобивките за вработените и компаниската култура што овозможува неограничен број на денови за одмор, приватно здравствено осигурување, флексибилно работно време и можност за работа од кое било место, стабилното работно место. Најпривлечен адут е можноста за учење и развој преку континуираното инвестирање на Бреинстер во надградувањето и едукацијата на своите вработени.

Можностите за инструкторите, пак, се: работа на заеднички проекти, подобрување на личните вештини, менторирање и развивање на нови кадри како и дигитална платформа за учење за полесно менаџирање на студентите, наставните планови и ресурсите за учење.

Компанијата, која од старт-ап прерасна во напредна едукативно-технолошка организација денес оперира на два пазари, Македонија и Албанија, и се вбројува меѓу ТОП 500 најуспешни компании во земјава врз основа на нејзината вкупна годишна нето добивка за 2022 година. Преку своите 13 различни едукативни продукти, Бреинстер досега им помогна на повеќе од 11.000 студенти да се стекнат со нови знаења преку иновативни образовни програми и работа на реални проекти, учејќи од најдобрите професионалци и експерти од индустријата.

Предноста на образовните програми на Бреинстер е во тоа што тие се прецизно дизајнирани за студентите да се стекнат со практични вештини што можат веднаш да ги применат на работното место по завршувањето на академијата, а преку активни соработки со други компании и организации, Бреинстер и посредува при нивните вработувања, што денес резултира и со по еден вработен студент секој ден.

Новите работни места се достапни на следниот линк.

 

 

 

____________________________________________

MИА - ОТС Комерцијални соопштенија

Напомена: Оригинален текст. За содржината е одговорен нарачателот.

 

 

Тагови

Остани поврзан