• недела, 22 декември 2024

Бреинстер го прославува осмиот роденден со 734 вработени студенти само во последните две и пол години, акредитиран ИТ-факултет и претставништво во Албанија

Бреинстер го прославува осмиот роденден со 734 вработени студенти само во последните две и пол години, акредитиран ИТ-факултет и претставништво во Албанија

Интернационалната едукативно-технолошка организација Бреинстер (Brainster) го прославува својот осми роденден со мрежа од над 11.500 алумни, 734 вработени студенти само во последните две и пол години, како и две акредитирани студиски програми на првиот практичен ИТ-факултет Бреинстер Некст колеџ (Brainster Next College). Успешната приказна, оваа година се дополнува со отворање претставништво во Албанија и почеток на новата Академија за лидерство и менаџмент.

Од стартап, Бреинстер денеска е водечка компанија за едукација во Македонија. Цврсто се позиционираше како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години. Се вброи и меѓу топ-500 најуспешни компании во земјава, врз основа на вкупната нето-добивка за 2022 година.  

По повод осмиот роденден на Бреинстер, основачот Петар Ниновски вели дека соодветниот одговор на барањата на пазарот на трудот не е возможен без постојана трансформација и подобрување на искуството на студентите и градење на цврста соработка со индустријата. Тој посочува дека оваа добитна комбинација резултирала со 734 вработени студенти само во последните две и пол години. 

„Тоа го правиме преку поддршка на напредокот на студентите и постојано следење на нивниот развој при совладувањето на програмите и нивна подготовка за следниот чекор – влез во индустријата. Тука спаѓа и соработката со нашите партнери од индустријата, кај нас и во странство, кои имаат доверба во нашите студенти и уште во текот на студирањето им овозможуваат работа на реални проекти, а подоцна и можност за вработување по завршување на студирањето“, вели Ниновски.

Во изминатите осум години низ иновативните образовани програми на Бреинстер поминаа над 11.500 поединци, кои успеаја да се здобијат со вештини за најбараните професии на 21 век. 

Следејќи ги најновите потреби на пазарот на трудот Бреинстер продолжи да инвестира во отворање нови програми што на студентите ќе им дадат можност да одговорат на предизвиците на иднината и да стекнат сигурно и одлично платено вработување.  Од оваа година стартува и Академијата за лидерство и менаџмент , за која нуди стипендии и финансиска поддршка за поттикнување на учеството на младите и на жените во ИТ-индустријата. Годинава, Бреинстер исто така отвори канцеларија во Албанија, каде првично ја нуди Академијата за фронт енд (Front-End) програмирање.

Eдна од позначајните и понови достигнувања на Бреинстер е и акредитацијата на втората студиска програма на првиот практичен ИТ-факултет - Бреинстер Некст колеџ за UX/UI и графички дизајн. Од основање на факултетот во 2022 година активна е студиската програма за Софтверско инженерство и иновации, а тој е познат и по уникатната финансиска поволност „Студирај сега, плаќај по вработување“. 

Бреинстер и Бреинстер Некст колеџот се горди што успешно го намалуваат јазот во образованието преку технологија, иновација во учењето и ангажирање на најдобрите експерти од праксата. Благодарение на предноста на моделот на практично наспроти класично образование, студентите добиваат шанса за поперспективна иднина и кариерен напредок.

Доказ за континуираниот раст и развој на Бреинстер се и многуте нови вработувања - компанијата сега брои повеќе од 70 постојано вработени и над 150 инструктори и професори кои се подготвени да го споделат своето богато знаење со студентите. 

 

____________________________________________

MИА - ОТС Комерцијални соопштенија

Напомена: Оригинален текст. За содржината е одговорен нарачателот.

 

Тагови

Остани поврзан