• петок, 22 ноември 2024

Брајант ја прегрнувал својата ќерка во последните моменти од нивниот живот

Брајант ја прегрнувал својата ќерка во последните моменти од нивниот живот
Лос Анџелес, 1 февруари 2020 (МИА) - Коби Брајант ја прегрнувал својата ќерка Џана во последните секунди од животот. Така биле пронајдени телата на двајцата. Тие починаа во хеликоптерска несреќа. Полицијата ги пронашла прегрнати заедно, според лице запознато со истрагата, тврдат од „ТМЗ“. Истиот прв зборуваше за трагедијата со кошаркарската легенда што се случи пред неколку дена. Во несреќата починаа уште седум лица, меѓу кои и двајца соиграчи на Џана во кошаркарската екипа на академијата „Мамба“, што беше основана заради неа од нејзиниот татко.

Остани поврзан