• недела, 22 декември 2024

Брашното во Австрија поскапе за 129 отсто, путерот за 76 проценти

Брашното во Австрија поскапе за 129 отсто, путерот за 76 проценти
Виена, 14 јули 2022 (МИА) - Цените на основните намирници во Австрија и понатаму растат, соопшти Работничката комора. Најевтиното брашно на годишно ниво поскапе за 129 отсто, путерот за 76, а јајцата за 47 проценти. „Бројките се алармантни“, укажа Работничката комора. Анализа на цени во седум супермаркети и дисконти покажа дека за најевтино брашно, за килограм во јуни минатата година се плаќаше 0,41 евро, а сега се издвојуваат 0,93 евра. Килограм путер чинеше 5,67 евра, а кон крајот на јуни, 9,96 евра. - Високите цени особено ги погодуваат лицата со ниски примања, нагласи Габријеле Згубиќ од Работничката комора. Како што таа истакна, голем проблем е што евтини производи често нема во продавниците, па потрошувачите треба да купуваат и поскапи, што дополнително го оптоварува потрошувачкиот џеб. Работничката комора го повтори барањето дека е потребно привремено да се намали ДДВ на намирниците, но, да се воведе и строг надзор на цени, со цел да се овозможи нивното намалување да го почувствуваат и потрошувачите. бд/

Остани поврзан