Брако и Грин машинс продолжуваат да ја освојуваат Америка - еколошките возила претставени на саем во Сиетл
Еколошките и високо технолошко напредни возила за одржување на хигиена во урбани средини на БРАКО, од линијата Грин Машинс, продолжуваат да го освојуваат северно-американскиот континент. По учеството на саемот во Тексас, американската филијала на Грин Машинс се претстави и на Саемот за електрични возила и опрема кој се одржа во Сиетл, 15-от по големина град во САД, лоциран во северната сојузна држава Вашингтон. На настанот, кој го организираше Секторот за транспорт на градот Сиетл, беа претставени двата најпродавани електрични модели 400 ze и 500 ze, за кои постои голем интерес во САД.
„Електрификацијата на сите сектори, особено во транспортниот сектор е тренд во САД и локалните и сојузните власти прават напори граѓаните да добијат уште подобри услови за живот и уште позаштитена животна средина. Нашите електрични и водородни модели во целост ги задоволуваат сите критериум за еколошко живеење и чисти градски средини“, велат од американското претставништво на Грин Машинс. Според проценките на експертите електричните возила на Грин машинс се одликуваат со висок степен на ефикасност при отклонување на нечистотиите на градските улици, тротоари, пешачки патеки и други површини, имаат нула штетни емисии во воздухот и се екстремно тивки во работата со што имаат позитивен импакт во ионака бучните градски средини.
Department fot Public Affairs, Media Relations, Marketing and Protocol
Fero Invest DOO Skopje
Boulevard Kliment Ohridski 30
Skopje Republic of North Macedonia
E-mail: press@feroinvest.mk
Phone: +389 2 5514 000 Mob: +389 75 402 786
____________________________________________
MИА - ОТС Комерцијални соопштенија
Напомена: Оригинален текст. За содржината е одговорен нарачателот.