• понеделник, 23 декември 2024

Брако и Грин Машинс главни спонзори на конференцијата за комунални услуги во паметните градови

Брако и Грин Машинс главни спонзори на конференцијата за комунални услуги во паметните градови

БРАКО и Грин Машинс ја спонзорираа 11-та меѓународна конференција „Комуналните услуги во паметните градови“ која се одржа во Скопје.

Во рамките на конференцијата се одржа саем на кој беа изложени најпродаваните електрични модели 500 ZE и 400 ZE, а стручниот тим на Грин Машинс пред присутните ги презентираше можностите и на сите останати модели кои ги нудат.

„По презентацијата на целата палета  возила од линијата Грин Машинс, повеќе комунални претпријатија од Србија, Црна Гора и Косово покажаа интерес за овој тип на возила и беа задоволни со перформансите кои ги имаат и кои ги рангираат помеѓу најдобрите возила од овој тип во светот. Конференциите од овој тип се солидна платформа да се презентираат достапни технолошки и еколошки решенија како тие на Грин Машинс, со нула штетни емисии во воздухот“, истакнаa техничкиот директор Ангел Анѓушев и комерцијалниот директор Владимир Локвенец.

Високо софистицираните возила на Грин Машинс ја одржуваат чистотата  на многу светски метрополи и паметни градови во околу 60 земји од светот. Со континуираниот развој и иновативните решенија Грин Машинс даваат постојан придонес во светските напори за постигнување нула штетни емисии во воздухот.

На конференцијата, организирана од Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ, беа присутни повеќе од 200 учесници и претставници на јавни комунални претпријатија од регионот.

 

 

____________________________________________

MИА - ОТС Комерцијални соопштенија

Напомена: Оригинален текст. За содржината е одговорен нарачателот.

Остани поврзан