Брако испорача возило во Поморие, Грин машинс се повеќе се бараат во Бугарија и на Балканот
Бугарскиот приморски град Поморие набави возило за чистење на градските улици од брендот Грин Машинс на БРАКО. Возилото беше испорачано минатата недела, а станува збор за новиот надграден модел 636 stage V, во кој е вграден најсовремениот систем за контрола на издувни гасови и е со сертификат за квалитет од германското сертификационо тело TUV. Стручните лица од БРАКО за време на престојот во Бугарија, извршија обука на операторите за можностите кои ги пружа возилото, а кое е одлично за одржување хигиена во густо населеното Поморие, град во облик на полуостров во Црното Море, чија популација драстично расте во текот на летната туристичка сезона, кога се зголемува и потребата од одржување на јавната хигиена. Современите и технички напредни возила за одржување на хигиената во урбани средини, Грин Машинс, се повеќе се бараат во градовите на Балканот.
Претходно, Грин Машинс учествуваше на саем за општински комунални услуги кој се одржа во бугарскиот град Албена, кадешто беше искажан голем интерес од општинските власти за возилата за чистење на БРАКО.
Department fot Public Affairs, Media Relations, Marketing and Protocol Fero Invest DOO Skopje Boulevard Kliment Ohridski 30 Skopje Republic of North Macedonia
E-mail: press@feroinvest.mk Phone: +389 2 5514 000 Mob: +389 75 402 786